Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема излез од Доха, Абу Даби, Катар

/

пред 223 дена

Сподели преку :

Доха, Катар, Абу Даби, Дубаи… Иран не штедеше ракети синоќа. Напаѓаше цели во соседството над кои се вее американското знаме. Но, голем дел од проектилите не стасаа до целта, пресретнати се уриваа над и во станбените згради.

Израел пријавува десетици загинати, а над блискиот исток нема авионски сообраќај.

Се зголемува бројот на граѓани кои се обратиле за помош по ситуацијата на Блискиот Исток.

Затечени се во загрозените подрачја. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со сите нив се одржува постојан контакт и се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација.

Но, нашинци за Телма велат засега нема влез ниту излезе од земјите.

Интернетот е блокиран или контролиран, се работи онлајн од одма, а неизвесноста е уште поголема навечер кога почнуваат ракетирањата.