Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема пари за научна дејност – ректорката Ангелова повикува да се подигне свеста за науката во едно општество

/

пред 1059 дена

Сподели преку :

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, кој е прогласен од Обединетите нации.

На најдобрите научници и на најдобриот уметник од факултетите на Скопскиот универзитет им беа доделени награди кои им ги врачи ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова.

„Нашата држава ќе треба да ја зголеми својата посветеност на истражување и развој, имајќи предвид колку малку средства се одвојуваат за научно-истражувачката дејност“, забележа ректорката Ангелова. Воедно треба да се подигне и јавната свест за улогата на науката воопшто.