Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема преживеани по судирот на патнички авион и воен хеликоптер во САД

/

пред 627 дена

Сподели преку :

На небото над Вашинготн ноќеска се случи авионска несреќа, во близина на аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон. Патнички авион на „Американ ерлајнс“ во воздух се судри со воен хеликоптер на американската армија. Леталата заврши во водите на реката Потомак. Десетици безживотни тела се извлечени од реката, а властите не очекуваат да има преживеани. Во авионот имало 60 патници, меѓу нив и поранешни светски шампиони во уметничко лизгање, кои се враќале од првенство во Канзас.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека во авионот имало руски државјани. Агенција Тас претходно објави дека во патничкиот авион биле Вадим Наумов и Евгенија Шишкова, светски шампиони во уметничко лизгање од 1994 година во парови, сега тренери на Лизгачкиот клуб од Бостон. Во авионот била и Ина Вољанскаја, некогашна советска репрезентативка, која работела како тренер во Вирџинија. Песков рече дека во моментов „нема планови за контакт на највисоко ниво“ меѓу САД и Русија.

  • Ние, за жал, можеме да ја потврдиме оваа жална информација – имаше и други наши сонародници (покрај поранешните лизгачи Вадим Наумов и Евгенија Шишкова). Лоши вести денеска стигнаа од Вашингтон. Жал ни е. Им изразуваме сочувство на најблиските кои ги загубија своите сограѓани, кои загинаа во оваа воздухопловна несреќа, сè уште нема планови за контакт на највисоко ниво, Дмитриј Песков, портпарол на Путин.

Постои тонски запис од последните насоки кои пилотите ги добиле од Контролната кула на аеродромот во Вашингтон. На помалку од 30 секунди пред судирот, контролорот на летање го прашува хеликоптерот дали го гледа авионот што пристигнува. Следува уште еден повик по неколку минути- „патничкиот помина зад воениот хеликоптер“, „дали го виде тоа?“.

  • „ПАТ-25 (воен хеликоптер), го имате ли на повидок ЦРЈ (патнички авион)? „ПАТ-25 поминува зад ЦРЈ“. Дали го виде тоа?
  • Одете наоколу. Одржувајте 3.000. Одете наоколу.
  • Блек Џек Три, можеш ли да се вратиш во базата? Блек Џек Три, продолжи директно. Треба да слеташ.
  • Треба веднаш да слеташ. Можеш ли да одиш во Далес на неколку минути?
  • Контактирајте со „Далес Аер“.
  • Можете ли да одите во Балтимор?, прашања поставени од Контролата на летање.

Деталите од овој разговор ќе бидат главен предмет на истрага која треба да ги открие причините за несреќата. Авионот доаѓал од Вичита, Канзас и превезувал 60 патници и четворица членови на екипажот. Во хеликоптерот биле тројца војници, кои полетале од базата „Форт Белвоар“ во Вирџинија.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил „целосно информиран за страшната несреќа“ се огласи и на својата социјална платформа „Трут соушл“, велејќи дека требало да се спречи да дојде до судир меѓу хеликоптерот „Блек Хок“ и патничкиот авион.

„Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави наместо да прашува дали го виделе авионот? Ова е лоша ситуација која изгледа дека требало да се спречи. Не е добро“, напиша Трамп на својата платформа.

Билјана Ставрова

Најмалку 30 жртви – се судрија патнички авион и воен хеликоптер во САД