Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема застарување на извршувањето, Уставен суд укина две одредби од Законот за облигациони односи

/

пред 765 дена

Сподели преку :

Извршувањето повторно не застарува. Повеќе не важи одредбата која предвидуваше извршната постапка да трае 10 години од поднесеното барање. Уставен суд укина две одредби од Законот за облигациони односи  и како што објаснија од таму на денешниот брифинг сега важат старите одредби со кои доверителот има право во рок од 10 години да бара наплта на долгот утврдени со пресуда или одлука за разлика од укинатите членови кои оставаа рок од 5 години. По поднесеното барање за извршување нема нов рок на застареност како што предвидуваа укинатите членови.

Од Уставен велат дека немале проблем со роковите – тоа е надлежност на Собранието но велат дека со законските измени донесени лани предвидено е ретроактивно важење на законот  што е спротивно на Уставот . Уставната судијка  Ана Павловска Данева која е известител на овој предмет  рече дека е спорно е и тоа што законот стапил во сила од денот на објавување наместо според уставниот рок од 7 дена по објавувањето во Службен весник, кој се остава за да можат  засегнатите да се прилагодат на новите правила.  Зошто овој закон би бил исклучок не добиле објансување од законодавниот дом.  Таа објаснуваше и дека со овие законски измени се загрозува и правото на сопственост  бидејки доверителот не може да си го оствари побарувањето а се доведува во прашање начелото на правна сигурност.

Имаме проблем со ретроактивноста. Собранието ако сака да ја исправи состојбата  може уште утре да ги донесе истите одредби,  може и со пократки рокови. Ние во тоа не навлегуваме.  Но не може да задре наназад во веќе воспоставени должничко доверителски односи изјави Ана Павловска Данева 

Овие законски одредби се замрзнати од јуни кога Уставен во јуни одлучи да поведе постапка  откако претходно во јануари одлучувајќи по други иницијативи за истиот закон донесе спротивна одлука дека е согласно Уставот.

Здруженијата обединети под слоганот „Стоп за извршителите“  минатата недела ги повикаа уставните судии да не дозовлат повторно извршувањата да не застаруваат и истакнаа дека е сомнително тоа што уставниот суд еднаш не поведе а потоа го оспори истиот закон.

Елена Ивановска Мукоска