Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Немаме план Б во случај на пораз на Украина – естонската премиерка Каја Калас за „Би-Би-Си“

/

пред 873 дена

Сподели преку :

Естонската премиерка Каја Калас денеска изјави дека нејзината земја нема план Б, доколку Украина ја загуби војната.

„Не треба да се препуштиме на песимизмот. Победата во Украина не е само територија. Ако Украина влезе во НАТО, дури и без одредена територија, тогаш тоа е победа бидејќи ќе биде ставена под чадорот на НАТО“, посочи Калас во интервјуто за „Би-Би-Си“.

Владата на Естонија одвои повеќе од еден процент од естонскиот БДП за воена и финансиска помош за Украина.

„Доколку секоја земја на НАТО го направи тоа, Украина ќе победи“, посочува Калас.

Естонија, мала балтичка држава која некогаш беше дел од Советскиот Сојуз, е уверена дека откако ќе завршат борбите во Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе го сврти своето внимание кон Балтикот, барајќи да ги врати земјите како Естонија под контрола на Москва.