Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Немири на вечното дерби во Хрватска приведени 51 лице, повредени тројца полицајци

/

пред 914 дена

Сподели преку :

51 лице се приведени изминатата ноќ во Сплит поради инцидентите што ги предизвикаа навивачите  на Хајдук познати како Торцида  во и надвор од стадионот Пољуд во Сплит по натпреварот со загрепски Динамо, а лекарска помош побарале тројца полицајци, соопшти хрватската  полицијата.

Немирите почнаа по завршувањето на полуфиналниот натпревар од Купот на Хрватска кој заврши со победа на Динамо, по што  група домашни навивачи влегоа на теренот со цел да го нападнат гостинскиот тим и навивачи.

„Со навремена реакција и дејствување на полицијата нападот е спречен и луѓето се пренасочени на трибините“, соопштија од хрватската полицијата.

Во соопштението се вели дека по натпреварот, во и околу стадионот, во неколку наврати поголеми групи на  луѓе ја нападнале полицијата фрлајќи кон нив запалени ракети, шишиња, камења и други предмети.

„Во овој момент лекарска помош побарале тројца полициски службеници кои се пренесени во сплитската болница. Оштетено е и едно службено возило“, се вели во соопштението објавено од хрватската полицја по полноќ