Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ненадејно почина еден од шефовите на Лукоил, четврти во последните две години

/

пред 954 дена

Сподели преку :

Виталиј Робертус, потпретседател на Лукоил, ненадејно почина на 54-годишна возраст, ​​се наведува во соопштението од компанијата.

Веднаш по завршувањето на студиите, Робертус почнал да работи во Лукоил како економист. Во текот на над 30 години стаж во компанијата, тој беше добитник на државни и ресорни награди за успех во развојот на домашното гориво и енергетскиот комплекс.

Робертус е четврти извршен директор на Лукоил кој починал во последните две години. Владимир Некрасов, претседател на Одборот на директори на Лукоил, почина во октомври 2023 година од срцева слабост.

Некрасов застана на чело на Лукоил, откако Равил Маганов, неговиот претходник, почина при пад од прозорецот на Централната клиничка болница во Москва во август 2022 година. Александар Суботин, поранешен генерален директор на компанијата, почина во мај 2022 година, а неговото тело беше пронајдено во приватна куќа. Истрагата утврдила дека и Суботин починал од срцева слабост.