Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Необична кражба во Рим. Крадец уапсен при грабеж на стан – направил пауза да прочита книга

/

пред 789 дена

Сподели преку :

Крадец влегол во стан во зграда во Рим за да изврши грабеж, но кога видел книга во спалната соба на сопственикот, седнал на креветот да ја прелиста, па така бил откриен, пишуваат италијанските медиуми.

Веројатно мислел дека нема никој во домот, меѓутоа, сопственикот на станот повикал полиција кога слушнал звуци од спалната соба.

„Образованиот крадец“, 38-годишен Италијанец, како што пренесуваат локалните медиуми, е уапсен откако 71-годишниот сопственик на станот повикал полиција. Медиумите пишуваат дека крадецот бил пронајден во станот додека лежел на кревет и читал книга.