Израелската војска во тунели и засолништа на Хезболах во Либан открила најсофистицирано руско оружје. Ова го соопшти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој посочи дека според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2006 година, само на либанската армија и беше дозволено да има оружје во области јужно од реката Литани во оваа земја.
Израелскиот премиер оцени дека нова граѓанска војна во Либан „би била трагедија“ и дека Израел нема намера да се меша во внатрешните работи на земјата. Единствена цел на израелската армија е да им овозможи на своите граѓани кои живеат долж границата со Либан да се вратат во областа и да живеат безбедно.
Во последните 24 часа во израелските напади загинаа најмалку 27 лица, меѓу кои и градоначалникот на либанскиот градот Набатија.











