Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетањаху бара помилување за корупцискиот скандал

/

пред 317 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе официјално барање за помилување до претседателот на Израел, додека сè уште му трае долгогодишниот корупциски процес.

Од неговиот кабинет соопштија дека документите веќе се предадени до правниот оддел на претседателската канцеларија, каде барањето било оценето како „исклучително“ и со „значајни импликации.

Нетанјаху е првиот актуелен израелски премиер кој се соочува со судење, обвинет за измама, злоупотреба на доверба и примање поткуп во три одделни случаи.

Тој не е осуден, а во видеопорака изјави дека процесот ја „дели нацијата“ и дека помилувањето би помогнало да се врати единството.

Барањето следува неколку недели по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Израел да го помилува Нетанјаху.

Документите — едно писмо од адвокатот и едно лично потпишано од Нетанјаху — ќе бидат испратени во министерството за правда за мислење, по што ќе преминат кај правниот советник на претседателската канцеларија, кој треба да подготви конечна препорака до претседателот.