Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху: Додека Хамас не биде уништен, ќе нема траен прекин на огнот во Газа

/

пред 873 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема да има траен прекин на огнот во Газа додека не се уништат воените и управувачките способности на Хамас.

Ова е втора изјава на Нетанјаху објавена откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека Израел предложил план од три фази за прекин на огнот во Газа во замена за ослободување заложници од страна на Хамас.

„Условите на Израел за завршување на војната не се променети: уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување Газа повеќе да не претставува закана за Израел“, рече Нетанјаху.

„Израел ќе продолжи да инсистира да се исполнат овие услови пред да се воспостави траен прекин на огнот. Идејата дека Израел ќе се согласи на траен прекин на огнот пред да се исполнат овие услови е исклучена“, додаде тој.