Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е подготвен да му понуди на Хамас „неколку милиони долари“ за секој заложник кој сè уште се наоѓа во Појасот Газа, за да обезбеди нивно ослободување, пренесуваат израелските медиуми.
Во нивните извештаи стои дека израелскиот премиер изразил подготвеност и да гарантира „безбеден премин“ од Газа за киднаперите и нивните семејства кои ќе ги ослободат заложниците. Се наведува дека Нетанјаху им издал упатства на функционерите за ова прашање за време на безбедносни консултации во неговиот кабинет.
Нетанјаху минатиот месец јавно зборуваше за овие напори, но сè уште официјално не е почната никаква акција.











