Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Невакцинирани деца против пертусис од денеска нема да се примаат во градинките

/

пред 952 дена

Сподели преку :

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) од денеска ќе почне со вонредни инспекциски надзори и издавање на решенија за забрана на прием на деца во градинките кои не се целосно имунизирани со вакцината ДТП против голема кашлица.

Ова во петокот го најавија од ДСЗИ откако ја добиле одлуката од министерот за здравство Илир Демири, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи, кои не се имунизирани, или се нецелосно имунизирани со ДТП.

„Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник, 11 март, со издавање решение за забрана на прием на деца, кои не се имунизирани или се нецелосно имунизирани со ДТП, како и други наложени епидемиски мерки“, појаснуваат од ДСЗИ.

Исто така, додаваат оттаму, ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДТП.