Силно невреме проследено со електрични празнења и град со големина на лешник погоди делови од Скопје… Град има и во Куманово и Велес… Претходно УХМР издаде црвен предупредувачки аларм за попладневните часови како и за текот на ноќта поради фронт што носи поројни врнежи и силен ветар… Црвен аларм беше издаден за неколку градови во земјава за Скопје, Куманово, Битола, Струмица и Охрид… Надлежните служби со апел граѓаните да избегнуваат движење на отворено меѓу до 22 часот, да ги обезбедат терасите и да не ги паркираат возилата под стари дрвја или нестабилни конструкции… Ослабнување на невремето се очекува по полноќ… Сепак според најавите на УХМР слично време не очекува и утре, а преодно стабилизирање во среда…











