Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Независните гласачи му го вратат грбот на Трамп

/

пред 226 дена

Сподели преку :

Независните гласачи во САД значително ја намалија поддршката за претседателот Доналд Трамп, се вели во најновите анкети кои покажува дека само 25% од независните гласачи го одобруваат неговото работење, додека 66% не се согласуваат со него, што пак претставува пад од 37 процентни поени во споредба со јануари 2025 година.

Портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, истакна дека Трамп „постигнал историски напредок“ и дека останува „најдоминантната фигура во американската политика“.

Независните гласачи често одлучуваат за тесни изборни трки, па нивната слабост во поддршката може значително да влијае на политичката динамика пред среднорочните избори.

Експерти забележуваат дека падот на поддршката кај независните произлегува од загриженост за непредвидливиот стил на лидерство на Трамп, а не само од економските резултати.

Трендот укажува дека долгорочната слабост кај оваа група гласачи може да го промени балансот на моќта на следните избори.