Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Независност и останување во Данска – избори на Гренланд

/

пред 587 дена

Сподели преку :

Останување во рамки на Данска или независност. Ова е дилемата за жителите на Гренланд кои денеска излегуваат на предвремени парламентарни избори кои може да се покажат како едни од најзначајните во историјата на артктичкиот остров, најголем во светот. Се случуваат во период на сè понагласени најави на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го преземе островот „вака или онака“.

На Гренланд денеска се гласа за 31 пратеник, колку што брои законодавниот дом на автономната данска територија. Двете најголеми партии на островот ветуваат референдум за независност, а пред електоратот се дилемите и дали да се остане по капата на Данска или да се градат поблиски односи со Европа и САД.

Според договорот со Данска од 2009 година, Гренланд може законски да прогласи независност, но дури по одржување на референдум. Над два милиони километри квадратни, колку што е површината на Гренланд, се исполнети со големи пространства на неискористени природни ресурси, вклучително и вредни руди.

На Гренланд живеат околу 60.000 луѓе. Последните анкети покажуваат дека 85 отсто од жителите не сакаат да станат Американци. Порачуваат „отворени сме за бизнис, но не сме на продажба“. Неофицијалните резултати ќе бидат познати вечерва, непосредно по затворање на гласачките места, а за официјалните ќе треба да се чека и со недели, бидејќи гласачките ливчиња од оддалечените места ќе стигнуваат во главниот град Нук со авиони, хеликоптери и бродови.