Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ни требаат дополнителни половина милион војници – Зеленски на прес-конференција во Киев

/

пред 1043 дена

Сподели преку :

Киев планира да мобилизира до половина милион војници, откри украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека војната со Русија се наближува да влезе во третата година од почетокот.

На прес-конференција во Киев, тој истакна дека воените команданти побарале меѓу 450.000 и 500.000 дополнителни војници, признавајќи дека станува збор за чувствителна и скапа тема. Зеленски додаде дека се неопходни уште информации, пред да донесе одлука, истовремено нагласувајќи дека половина милион војници веќе се наоѓаат на фронтот.

Таквата негова најава доаѓа по застојот во добивањето на помош од САД и од Европската Унија. Најпрво Републиканците го Конгресот блокираа околу 60 милијарди долари воена помош за Украина, а потоа и Унгарија блокираше 50 милијарди долари од Европската Унија.

Украина се соочува со недостиг на муниција додека продолжуваат борбите со руските сили кои почнаа инвазија во февруари во 2022 година. Украинската противофанзива е запрена есенва, а дел од западните политичари стравуваат од евентуална победа на Русија.