Соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро се изјасни за невин на своето прво појавување пред судот во Њујорк откако беше заробен во американска воена операција. Мадуро, кој се соочува со обвиненија за дрога и оружје, му рече на судијата дека „сè уште е претседател на Венецуела“ и дека „не е виновен за ништо за што се товари“. Неговата сопруга, Силија Флорес, се изјасни исто така дека е невина, објавија светските медиуми.
Американскиот претседател Доналд Трамп пак во авионот „Ер Форс 1“ изјави дека кога станува збор за Венецуела и нејзиното раководство, „тие се главни“. Трамп, исто така, ја пофали храброста на американските војници за време на, како што ја нарече, „неверојатна“ и опасна операција, без да го спомене бројот на повредени.
Новинар: Следното прашање е кој е задолжен за Венецуела во моментов? Дали разговаравте со новозаколнатиот претседател таму, Родригез? И што мислите за целата ситуација? Рековте дека САД ќе ја водат Венецуела.)
-Трамп: Работиме со луѓето. Работиме со луѓето што штотуку положија заклетва. И не ме прашувајте кој е задолжен, бидејќи ќе ви дадам одговор и тоа ќе биде многу контроверзно.“
-Новинар: Што значи тоа?
–Трамп: Значи, ние сме надлежни.
Се огласија повеќе земји, Францускиот претседател Емануел Макрон ја смета интервенцијата на САД во Венецуела за кршење на „меѓународното право“, изјави портпаролот на француската влада.
-Ставот на Франција повторно е јасен. Акцијата на претседателот Трамп е спротивна на меѓународното право. Ние отсекогаш сме го бранеле и секогаш ќе го браниме меѓународното право бидејќи тоа е услов за глобална стабилност и мир. Сепак, станува збор за диктатор, и затоа го земаме тоа предвид. Неговото заминување е, а ова се зборовите на претседателот на Републиката, добра вест за Венецуелците. И трето, ние не само што, уште еднаш, осудуваме или коментираме како што прават некои во Франција, за тоа што се случи. Имаме став кој е јасен, и затоа мора повторно да ги вооружиме Франција и Европа за да им овозможиме да бидат посуверени, изјави Мод Брежон, портпаролка на француската влада.
За Италија Интервенцијата на САД во Венецуела, не е соодветна, но е легитимна, со оглед на заканата што ја проценила Америка, што според нив ќе биде многу јасно на судењето на соборениот претседател Николас Мадуро, со оглед на сведочењето на клучен сведок од венецуелските разузнавачки служби.
Според експерти основната цел на оваа воена акција на САД е контрола на нафтените ресурси на Венецуела, но тоа не е единствената цел. Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, има за цел да воспостави американска доминација низ целата западна хемисфера, сметаат експретите.
-Прво и најважно, јасно е дека Трамп ги таргетира нафтените ресурси на Венецуела, со цел да ги контролира нејзините изобилни нафтени резерви. Откако го зароби венецуелскиот претседател Николас Мадуро, Трамп веднаш објави дека американските нафтени компании ќе влезат во Венецуела, јасно откривајќи ја неговата мотивација за профит. Сепак, не станува збор само за нафта. Трамп размислува и за воспоставување американска хегемонија низ целата западна хемисфера. Освен Венецуела, која не ги исполнува неговите барања, во регионот има и други земји, како што се Колумбија, Куба и Бразил, велат експертите.
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, денеска формираше комисија за ослободување на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, кои американските специјални сили ги приведоа во Каракас и ги префрлија во Њујорк. Таа му порача на Трамп дека Венцуела е подготвена да соработува.
К.К.
🚨 ÚLTIMA HORA | EN DESARROLLO
Según información extraoficial, Nicolás Maduro y Cilia Flores estarían siendo trasladados desde una cárcel federal en Brooklyn hacia un tribunal en Manhattan para comparecer ante instancias judiciales.
El operativo se mantiene bajo estrictas medidas… pic.twitter.com/ik75hvq6qE— Juan Pariacano El Centinela de la Pipa (@jpariacano) January 5, 2026











