Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Николоски: Преговорите за транспортерите со ЕУ се во добра насока

/

пред 185 дена

Сподели преку :

Вицепремиерот Александар Николоски изјави дека преговорите за надминување на проблемите со транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ се одвиваат добро. Тој посочи дека примената на системот е одложена до 30 септември, што остава доволно време за завршување на потребните процедури.

Според него, решенијата се движат кон воведување долгорочни визи за македонските транспортери, при што веќе има напредок во неколку европски земји.

Швајцарија веќе го применува моделот, додека законски процедури се во тек во Хрватска, Романија и Унгарија.

Николоски најави дека во втората половина на април делегација предводена од Христијан Мицкоски ќе ја посети Австрија, каде ова прашање ќе биде меѓу главните теми.

Тој додаде дека останува да се усогласи решението со Германија, со што ќе се покријат клучните рути за македонските транспортери.