Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Николоски: Швајцарија веќе почна со издавање на долгорочни визи за транспортерите

/

пред 188 дена

Сподели преку :

Проблемот со транспортерите е голем, но и двостран, порача Николоски во интервју во „Топ тема“. Основата за решение на проблемот, според него, е во признавање на возачите за професионалци, без разлика дали се возачина камиони или автобуси, затоа што и патничкиот сообраќај е афектиран.

„Тоа беше првата фаза. Втората фаза е да се најде модел како да се реши. Постоеја три модели, се одбра моделот со долгорочни визи. Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Законот во Хрватска е во Саборот, очекуваме во најскоро време да се усвои. Романија, исто така, драфтираше закон кој е влезен во романскиот парламент, по изборите во Унгарија и таму влегува закон… Така што од државите кои нѝ се поважни, остануваат уште во Австрија и Германија, имајќи предвид дека Хрватска, Романија, Унгарија и Австрија се главно транзит држави, а Германија е крајна дестинација за најголем дел од превозниците, како и Швајцарија. Следна најзначајна крајна дестинација е Велика Британија, но Велика Британија не е во Шенген и таму ги решаваме работите поинаку“, рече Николоски.

С.Д.