Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов кривичен закон во декември, но прво измените за новинарите да се изгласаат во парламентот

/

пред 1614 дена

Сподели преку :

Маѓународните институции констатираат, министерот за правда Никола Тупанчевски се согласува. Ниската доверба во судството од граѓаните е факт кој нема да се промени со нови законски измени, туку само со неселективна примена.

Граѓаните сакаат правда и вистина, порача Тупанчевски од денешната конференција за „Актуелните предизвици во македонското правосудство низ перспективата на препораките на Националната конвенција за Европската унија во Северна Македонија“, во организација на Европското движење.

И по 4 години работни групи, конкретен предлог до новинарските здруженија и ветувањата на две влади, министерот одново ги потсети пратениците дека треба да ги гласаат измените во постоечкиот кривичен законик кои се однесуваат на новинарите.

Тупанчевски го отфрла ветингот како алатка за прочистување на судството.

Најави и нов кривичен закон, а во најава е и законот за помилување.  Можноста за предвремена слобода ќе ја имаат само оние лица со правосилна пресуда, а последниот збор и одлука остануваат кај претседателот.

Судството не сјае, но бројките говорат дека земјава го надминува европскиот стандард во однос на бројот на судии и на 100 илјади жители би требало да има 21,5 судии.

Според тој стандард во Мајкедонија има повеќе судии од потребното. Затоа, Тупанчески, повикува на рационализација на судството особено во Скопје како град со најголем број на жители.

Павле Беловски