Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов земјотрес од 5,5 степени ја стресе Босна и Херцеговина

/

пред 1625 дена

Сподели преку :

Утрово во Босна и Херцеговина имаше повторно земјотрес, трет по ред со поголема јачина. Земјотресот бил 5.5 степени по Рихтер и беше почувствуван во 6 часот и 30 минути. Потресот бил со епицентар на 9 километри од местото Љубиње.

Од четвртокот до денеска регистрирани се над 50 земјотреси. Во земјотресите загина девојка на возраст од 28 години од Столац, откако карпа се урнала врз нејзината куќа, а нејзините родители се повредени. Земјотресите предизвикаа материјални штети.

Земјотресите во БиХ ги почувствуваа и соседните земји, Црна Гора, Србија, Хрватска, а првиот и во Македонија.