На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага со што на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација.
Новата авиолинија уште во јули ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови дестинации од скопскиот аеродром – Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје од ноември и Бари – Скопје, Келн – Скопје и Прага – Скопје од декември.











