Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова ескалација на војната во Иран – на удар се енергетските капацитети во регионот

/

пред 205 дена

Сподели преку :

Енергетската инфраструктура во земјите во Персискиот залив се најде на удар на иранските проектили, откако исламската република најави одмазднички операции заради израелското бомбардирање на најголемото поле за природен гас во светот – Јужен Парс.

На ова гасно поле своите производствени капацитети имаат и Катар и Иран. Официјален Техеран ги обвини САД и Израел за нападите, но жестока осуда дојде и од министерството за надворешни работи на Катар, кое директно ја обвини еврејската држава за „опасната и неодговорна“ ескалација.

По нападите врз енергетската инфраструктура од каде Иран покрива речиси 70 проценти од своето вкупно производство на гас, исламската револуционерна гарда предупреди на итна евакуација на повеќе енергетски капацитети во арапските земји – Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, како одговор на израелските напади.

На мета на иранските проектили се најде индустрискиот комплекс Рас Лафан, поточно рафинерија за нафта на компанија во државна сопственост на Катар.

Во објектот била предизвикана поголема материјална штета и избувнал пожар, кој подоцна бил изгаснат.

Нападите на енергетската инфраструктура во регионот имаа ефект и врз цената на нафтата која повторно расте. Цената на еден барел нафта се зголеми за 5 проценти на 109 долари.