Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова Година со нови милиони за набавка на струја

/

пред 1380 дена

Сподели преку :

За два дена ЕСМ  ќе потроши над 1,1 милион евра за набавка на струја. Според извештаите  објавени на сајтот на компанијата за денес и утре набавени се  5.800 мегават часови електрична енергија.

За овие количини ќе бидат потрошени  1.184.840 евра. За мегават час ЕСМ ќе плати од 183 до 230 евра. За утрешниот ден пак на берзата ХУПЕКС може да се види дека цената за мегават час е пониска.

Данске Комодитис и Гени и Продажба на енергија се фирмите од каде ЕСМ ја набавува оваа струја.