Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иранците нападнаа бродови -американците ирански пристаништа

/

пред 150 дена

Сподели преку :

Иранската државна телевизија IRIB објави дека системите за воздушна одбрана се активирани во западниот дел на Техеран. Во исто време, новинската агенција објави дека иранската воздушна одбрана дејствува против „непријателски цели“.

Сè уште нема официјални информации за тоа кои биле целите или кои биле напаѓачите. Американската војска пак соопшти дека пресретнала ирански напади врз три бродови во ормутскиот теснец и „ги таргетирала иранските воени објекти одговорни за напад врз американските сили“, истакнувајќи ја кревкоста на едномесечниот прекин на огнот меѓу двете земји.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот се одржува и покрај насилството. Трамп кажа и дека иран сака да го потпише договорот многу повеќе од САД, бидејки според него ако не го потпишат Иран ќе има многу голема мака.

Од друга страна администрацијата на Трамп испрати мешани пораки за својата стратегија за ставање крај на војната.

Нестабилниот прекин на огнот и претходните изјави дека воените операции се завршени, отстапија место на нови закани за напади доколку техеран не прифати договор што овозможува продолжување на испораките на нафта и природен гас нарушени од конфликтот.