Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови напади меѓу Иран и САД

/

пред 123 дена

Сподели преку :

Aмериканската војска соопшти дека Иран испалил ракети кон Kувајт и Бахреин кои биле соборени, и дека САД како одговор започнале напади врз Ирански објект.

Двата проектили испалиле кон Кувајт и се распаднале по пат, додека Американските и Бахреинските сили ги пресретнале ракетите насочени кон Бахреин.

Централната команда на САД соопшти дека одговорила со напади врз иранска воена контролна станица на островот Кешм во Ормутскиот Теснец.

-Иран и САД повторно разменија оган во Персискиот Залив, тестирајќи го ова номинално примирје во војната со Иран. Она што го слушнавме од американските воени претставници е дека Иранците утрово лансирале балистички ракети насочени кон Кувајт и Бахреин. Сега американските претставници велат дека тој оган бил или пресретнат или распрснат над Персискиот Залив, без да погодат никакви цели. Иранците велат дека целта им е седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин, како и воена база во друга земја што не ја идентификувале, информира, новинар на АП.