Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови напади со дронови врз Харков, има загинати меѓу нив и едногодишно дете

/

пред 425 дена

Сподели преку :

Три лица, меѓу кои и едногодишно дете, загинаа утрово во руски напад со беспилотни летала врз Харков, а 17 лица се повредени, изјави градоначалникот Игор Терехов.

„За жал, пронајдено е телото на уште едно лице кое беше убиено од непријателски „шахед“. Загинаа вкупно три лица, меѓу кои и едно мало дете“, напиша Терехов на Телеграм, пренесува Укринформ.

Началникот на Харковската регионална воена администрација, Олег Синегубов, во објава на Телеграм изјави дека „во овој момент, лекарите им помагаат на уште едно шестгодишно девојче и една жена (42)“.

-Бројот на жртвите од утринскиот напад врз Харков постојано се зголемува, рече Синегубов.

Харков утринава беше цел на напад со дроновите „шахед“, а по нападот избувнаа пожари во Индустриската зона на градот.