Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови осомничени за перење на парите од тендерот за „Адитив“

/

пред 626 дена

Сподели преку :

Нови осум луѓе се уапсени како дел од истрагата во случајот Адитив, за спорните набавки на адитиви за согорување на јаглен во РЕК Битола и во ТЕЦ Осломеј, вредна 6,5 милиони евра. Петмина од нив се сомничат за перење на парите добиени од тендерот, а тројца за злоупотреба на службената положба. Истрагата е проширена на уште една фирма.

На предлог на обвинителството доплнително се замрзнати 22,4 милиони денари и едно патничко моторно возило во вредност од 4,7 милиони денари, информира Обвинителството. ​

Истрагата во овој случај беше отворена пред неполни два месеци. Тогаш беа опфатени 23 луѓе, меѓу кои и поранешните директори на ЕСМ Васко Ковачевски, кој е во бегство, и неговиот наследник Васко Стефанов. Под истрага е и поранешниот директор на РЕК Битола Пеце Матевски, поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, поранешниот комерцијален директор на ЕСМ Адријан Муча, како и Данчо Стојановски – поранешен комерцијален директор на ЕСМ, и неговата братучетка Маја Јорданова – сопственичка на фирмата Браинкоде, од која е набавен адитивот, по цена три пати поскапа од пазарната. Таа се сомничи дека е организатор на злосторничкото здружение.

Обвинителството тогаш побара замрзнување на имот на 5 лица. Биле пронајдени 208 илјади евра, одземени 30 мобилни телефони, компјутери и автомобил од марката БМВ.

Надлежните тогаш соопштија дека адитивот во ТЕЦ Осломеј воопшто не се користел, а во РЕК Битола биле искористени само 5 отсто.

Со новата истрага, бројот на осомничени стигна до 31.

Срѓан Стојанчов