Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови случаи на корупција и критики за институциите – извештај на Транспаренси

/

пред 703 дена

Сподели преку :

Во својот годишен извештај за напредокот на Македонија, Европската Комисија (ЕК) препорачува донесување нов Кривичен законик, бидејќи измените од септември 2023 година негативно влијаат на борбата против корупцијата се нотира во најновиот извештај на Транспаренси интернешнал за месец октомври насочен кон следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата.

Во него се додава дека измените ја ослабнуваат правната рамка, особено во случаите на високо ниво на корупција, што доведе до прекинување на многу тековни случаи. Извештајот забележува и дека Владата се соочува со критики за непотполната транспарентност во однос на советниците на премиерот, што создава сомнежи за кронизам и непотизам.

Исто така, загриженост предизвика тајното гласање за изборот на директор на Академијата за судии и јавни обвинители, што ја поткрепува ниската доверба во судството.

Меѓу забелешките стои и дека Државниот завод за ревизија објавил неповолен извештај за Министерството за култура, истакнувајќи неправилности во распределбата на 318 милиони денари за културни проекти.

Во однос на позитивни случаи, пак, се наведува акцијата против 16 царински службеници осомничени за примање поткуп и случајот во кој три лица од ЈСП Скопје се обвинети за проневера на 23 милиони денари.