Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новиот папа денеска ќе ја одржи својата прва миса

/

пред 523 дена

Сподели преку :

Зборува 7 јазици и го сака тенисот. Роберт Франсис Превост, е новиот папа кој доаѓа на местото на неговиот претходник папата Франциск. Шеесетгодишниот свештеник и истакнат американски бискуп, ќе го носи името Лав Четиринаесетти.

Роден во Чикаго, Превост е член на Редот на Свети Августин и има богата историја на служба во Црквата, вклучувајќи ја и службата како епископ во Перу и долгогодишната посветеност на водечките институции на Ватикан.

Новоизбраниот папа денеска ќе ја одржи својата прва голема миса како понтиф на Католичката црква во Сикстинската капела. Кардиналот од Чикаго, Роберт Френсис Превост, вчера по четири круга гласање беше избран за нов папа на Католичката црква по само 24 часа конклава во Сикстинската капела.

Светските лидери веќе почнаа да му честитаат, меѓу нив и рускиот претседател Владимир Путин, израелскиот и францускиот претседател, како и украинскиот лидер Володимир Зеленски.