Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новите договори со САД носат партнерство, но и долгорочни обврски за Македонија

/

пред 186 дена

Сподели преку :

Вториот Стратешки дијалог меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија резултираше со низа договори кои, иако го продлабочуваат партнерството, наметнуваат и долгорочни обврски за македонската држава стои во заедничкиот текст. Заменик-државниот секретар Кристофер Ландау и министерот Тимчо Муцунски ја потврдија соработката во одбраната, енергетиката и дигитализацијата, кои налагаат зголемена зависноста од американските капацитети.

Во делот на безбедносната соработка истакната е обврската и амбицијата на Македонија да постигне вложување од дури 5% од својот БДП во одбраната до 2035 година, која САД ја поздрави како дел од патоказот за НАТО.

Дополнително, процесот на модернизација е директно врзан за американската програма за Продажбата на странска воена опрема (FMS).Во делот на енергетиката, потпишан е Меморандум за безбедно снабдување со природен гас, кој предвидува купување на течен природен гас (LNG) од Соединетите Држави за зајакнување на пазарната отпорност.

Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и Кристофер Ландау, заменик-државен секретар на САД

Паралелно, САД преку својата Корпорација за финансирање (DFC) ќе доделат 5 милиони долари за ископ на антимон во Кривопаланечко, со цел обезбедување алтернативни извори на критични минерали за одржување на „конкурентската предност на САД во глобалната економија“, со што македонските ресурси стануваат дел од пошироката американска глобална стратегија.

Преку програмата FALCON, американскиот Стејт департмент ќе изврши сеопфатна проценка на критичната инфраструктура во сите македонски министерства за да ги идентификува слабите точки. Иако ова се презентира како помош, програмата вклучува и насоки за јавни набавки на производи и услуги од „доверливи добавувачи“, примарно од САД. За оваа цел, ќе бидат распоредени и американски советници за сајбер безбедност во Министерството за одбрана и Министерството за дигитална трансформација.

За зајакнување на капацитетите на органите на прогонот и управувањето со границите, САД ќе обезбедат над 3,5 милиони долари безбедносна помош. Оваа иницијатива е насочена кон запирање на нелегалната миграција и трговијата со дрога на балканската рута, користејќи активности засновани на американски разузнавачки податоци.

Склучен е договор за спречување на нелегална трговија со македонски археолошки артефакти, со цел прекинување на финансиските текови кон терористички организации. А дополнително Македонија ќе биде вклучена во програмата „Global Entry“, која ќе овозможи забрзана проверка и полесен влез на однапред одобрени македонски патници при пристигнување во САД.

Вториот стратешки дијалог ја потврдува насоката на продлабочување на односите меѓу Македонија и САД, со акцент на безбедноста, енергетиката и институционалниот развој. Договорите отвораат простор за поддршка и модернизација, но истовремено наметнуваат и рамка на долгорочни обврски и прилагодувања. Во таков контекст, нивната имплементација ќе биде клучна за тоа како ќе се одразат врз економските и стратешките приоритети на државата.

Т.Д.