Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново рочиште за случајот со прегазениот Југослав

/

пред 329 дена

Сподели преку :

По одложувањето на претходното рочиште, на кое требаше да бидат изнесени завршните зборови во судската постапка за трагичната несреќа во која 25-годишниот мотоциклист Фатон Љури со мотор на пешачка патека го прегази 68-годишниот пензионер Југослав Николовски, за денеска е закажано ново рочиште во Основниот кривичен суд.

Случајот привлекува големо внимание во јавноста поради околностите под кои се случи несреќата и признавањето на вината од страна на обвинетиот, кој на претходниот термин не можеше да присуствува поради здравствени проблеми.

По интервенција на брза помош во судницата и дадената терапија, лекарот констатира дека болката е намалена, но препорача обвинетиот да не ја следи расправата.

Судијата нареди обвинетиот да биде пренесен на преглед на дигестивна хирургија, а рочиштето беше одложено.

Обвинетиот претходно призна вина за прегазувањето на Југослав Николовски, но не и за тоа дека не му укажал помош.

Според обвинителниот акт, тој управувал мотор без возачка дозвола, по патека наменета за пешаци и со небезбедна брзина од 35 km/h, поради што не успеал да запре и го удрил пешакот, кој се здобил со тешки повреди. Повреден во овој случај беше и сопатникот на мотоциклистот.