Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново рочиште за случајот со убиството на Вања и Панче

/

пред 634 дена

Сподели преку :

Денеска ново рочиште од судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На денешното рочиште нема да се врши распит на сведокот Гоце. Првообвинетиот за случајот, Палевски се изјаснуваше за изземањето на Обвинителството. На денешното рочиште се очекува Обвинителството да продолжи да ги изведува снимките како доказен материјал.

На некои од следните рочишта се очекува и сведочењето Гоце Трајковски кој подолг период не беше достапен за полицијата, која го гони за друго кривично дело, подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода, но минатата недела и се предаде на полицијата.

Трајковски кој заедно со таткото на Вања кој е меѓу обвинетите, Александар Ѓорчевски, водел паралелна потрага по исчезнатото девојче треба да сведочи и да каже како доаѓал до снимките од безбедносните камери во случајот со киднапирањето и убиството на Вања и како грабнувањето го поврзал со исчезнувањето на Панче Жежовски кој беше ладнокрвно убиен неколку дена претходно.

На последното рочиште, обвинителката инсистираше и понатаму да се бара Трајковски и да биде донесен да сведочи, а не само да биде прочитан неговиот исказ даден во Обвинителството.