Во текот на изминатите осум години е изградена мрежа од тајни бази долж границата на Украина со Русија со средства на ЦИА, пренесува „Њујорк тајмс“.
Според зборови на соговорниците, базите вклучуваат и воен бункер на Оружените сили на Украина (АФУ), изграден во целост со пари на ЦИА, кој служи како таен контролен центар за украинската армија.
Покрај тоа, новинарите на „Њујхорк тајмс“ информираат дека Украина од ЦИА добива разузнувачки податоци за изведување на таргетирани ракетни напади, а се следи и движењето на руските единици на линијата на контакт.
Според весникот, ЦИА помогнала во обуката на нова генерација на украински шпиони кои делуваат во Русија и ширум Европа.
Шефот на украинската служба за безбедност (СБУ), Василиј Маљук, кон крајот на минатата година изјави дека Киев планира да ги засили разузнувачките операции и да изврши удари во длабочина на руска територија во 2024 година.
Руската служба за безбедност (ФСБ), пак, на 19 декември истакна дека активно ги идентификува украинските диверзанти и шпиони во Русија. Претходно извести и за апсење на 18 агенти и соученици на украинските специјални служби на Крим кои во текот на 2023 година биле вмешани во саботажи на железницата и гасоводите.
„Вашингтон пост“ кон крајот на октомври објави дека украински агенти, заедно со ЦИА, водат војна во сенка против Русија.











