Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Њујорк тајмс“: Истрагата покажува дека САД го погодија училиштето во Минаб поради застарени разузнавачки податоци

/

пред 212 дена

Сподели преку :

Смртоносниот напад на основно училиште во Минаб во Иран во кој загинаа најмалкуа 175 луѓе, главно девојчиња, беше резултат на американски ракетен напад, објави „Њујорк тајмс“.

Причина за трагедијата, како што пренесува весникот, се застарени податоци за гаѓање, па американските проектили погодија училишен комплекс кој претходно бил дел од иранска база во близина, изјавија извори за „Њујорк тајмс“.

Нападот се оценува како најголемо убиство во војната на САД и Израел против Иран досега, а УНЕСКО го опишува „тешко кршење на меѓународното право“. Најголем дел од жртвите беа девојчиња на возраст од седум до 12 години.

Координатите за гаѓање на локацијата ги креирала Централната команда на САД, користејќи податоци што ги обезбедила Одбранбената разузнавачка агенција, додаде „Њујорк тајмс“. Весникот потенцира дека наодите се прелиминарни, но и оти и натаму остануваат прашања зошто застарени податоци не биле повторно проверени.

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека Иран е одговорен за нападот.

„По мое мислење, врз основа на она што го видов, тоа го направи Иран. Тие е многу неточни, како што знаете, со својата муниција. Немаат никаква прецизност“, рече Трамп кој не понуди никакви докази за таквото тврдење кое не го повторија портпаролите на војската на САД.