Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран

/

пред 493 дена

Сподели преку :

Според информации од американски и европски извори, Израел се подготвува за можен воен напад врз Иран, објави Њујорк Тајмс.

Доколку дојде до реализација на вакво сценарио ова може дополнително да го дестабилизира регионот и да ги отежне преговорите на САД со Техеран за нуклеарен договор.

Вашингтон веќе повлече дел од своите дипломатите од Блискиот Исток и им препорача на семејствата на американските војници да се евакуираат.

Израелскиот премиер Нетанјаху го повика Трамп да искористи „момент на ранливост“ кај Иран за напад, но Трамп досега се противеше и инсистираше на преговори.

Иран, пак, се подготвува со планови за контранапад, вклучувајќи употреба на балистички ракети. Британските власти предупредуваат на зголемени безбедносни ризици за морскиот сообраќај во регионот.

Следните преговори меѓу САД и Иран се закажани за недела, но надежите за договор полека спласнуваат.