Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нуклеарката Запорожје е исклучена од електричната мрежа

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Уништена инфраструктура, прекинато снабдување со струја – голем број украински области и денеска мета на руските ракетни напади. Најголемата нуклеарна централа во Европа Запорожје е исклучена од електричната мрежа откако руското гранатирање ги оштети преостанатите високонапонски водови. Украинската нуклеарна компанија Енергоатом соопшти во моментов на централата ѝ работат само дизел генераторите. Руски напади имало и во централна Украина, како и на североистокот на земјата. Тешки борби се во тек во источните региони Луганск и Доњецк. „Непријателот се обидува да ги задржи привремено заземените територии, концентрирајќи ги своите напори на ограничување на дејствата на одбранбените сили во одредени области“, соопшти денеска Генералштабот на Украина. Русија соопшти дека таргетирала инфраструктура како дел од, како што ја нарекува, својата „специјална воена операција“ за деградирање на украинската војска и отстранување, како што вели, потенцијална закана за безбедноста на Русија.

Во истовреме Советот за безбедност на ОН ја отфрли резолуцијата поднесена од Москва за истрага на наводите за вмешаност на САД во развој на биолошко оружје во Украина. За предлог-резолуцијата гласаа само Русија и Кина, против беа САД, Велика Британија и Франција, а останатите 10 земји беа воздржани. Нацрт-резолуцијата беше сфатена како нов обид на Кремљ да ги наметне своите неосновани тврдења.

Жалиме поради фактот што нашите западни колеги суштински ги попречија преговорите за нацрт-резолуцијата. Стана очигледно дека западните земји едноставно се плашат од формирање комисија која ќе ги разгледа материјалите презентирани од Русија и ќе ги истражи како што е предвидено во Конвенцијата. Тие особено не се задоволни од фактот што оваа комисија ќе ја сочинуваат сите членови на Советот за безбедност, бидејќи тие се обидуваат еднострано да носат одлуки во име на целата меѓународна заедница, изјави Дмитриј Полјанскиј, заменик амбасадор во ОН на Русија.

САД и други западни земји ги окарактеризираа тврдењата на Русија како дел од пропагандна кампања и обид за кршење на Конвенцијата за биолошко оружје.

Русија се обиде и не успеа да тврди дека сме го прекршиле BWC. На состанокот на членот пет во Женева минатиот септември, Русија не обезбеди кредибилен доказ за поддршка на овие лажни наводи. И покрај злоупотребата на процесот од страна на Русија, и токму затоа што ја почитуваме Конвенцијата и нејзините одредби, САД и Украина поминаа низ обвинувањата на Русија во Женева точка по точка и разоткриваа сè поединечно, вели Линда Томас-Гринфилд, амбасадор во ОН на САД.

По вчерашната посета на шпанскиот министер за надворешни работи денеска во Киев е претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу во знак на поддршка на украинскиот народ. Пораката од Зеленски е иста до сите европски лидери.

Знам дека вложивте многу напор за статусот на Украина како кандидат за членство во Европската унија, но сакав да ве замолам да не се опуштате, бидејќи ние се уште не сме членка на ЕУ и имате многу непроспиени ноќи пред вас, рече Зеленски.

Прекинот на струјата во Украина во сред зима тема и на денешниот состанок на министрите за надворешни работи од групата Г7 во Германија. А само еден ден отката Русија се врати на договорот за извоз преку Црното Море, шест бродови натоварени со жито ги напуштија украинските пристаништа.

Билјана Ставрова