Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обдукцискиот наод за Ведат Адеми, кој почина по примање на терапија, доставен до ОЈО Куманово

/

пред 522 дена

Сподели преку :

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми, соопшти денеска Јавното обвинителство. Оттаму посочуваат дека наодот се разгледува во корелација со други докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Кумановското обвинителство веќе отвори предистражна постапка за случајот на 32-годишниот кумановец Ведат Адеми, кој почина на 17 март во градската болница. Адеми починал откако примил терапија во болницата. Неговото семејство обвинува дека причина е лекарска грешка и дека му бил даден лек на кој бил алергичен.

Директорот на кумановската болница Стефан Трајановски беше разрешен, откако во извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше утврдено дека имало многу пропусти во болницата, а Министерството за здравство до Лекарската комора предложи одземање налиценцата на лекарот кој таа вечер бил на дежурство.