Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обезбеден гас за топланите Исток и Запад до крајот на ноември

/

пред 1423 дена

Сподели преку :

За граѓаните на Скопје кои се греат со парно греење сигурно е дека топлинска енергија ќе добиваат до крајот на месецот. Обезбедени се потребните количини на гас за покривање на овој период, соопшти ЕСМ. Државната компанија купила енергенс од Макпетрол по цена од 1.235 евра за 1000 нм3.

Стратегијата која ја најавија од компанијата ќе продолжат да ја применуваат и во наредниот период односно ќе продолжат да вршат набавки за покуси временски периоди со цел да се искористи финансиската поволност од континуираното намалување на цената на гасот на пазарот.

– Како што и претходно информиравме, топланите ќе продолжат да работат на природен гас во текот на грејната сезона како основен и најеколошки енергенс за нивно функционирање, велат од ЕСМ.

Меѓувреме, системот технички се подготвува за тестирање за користење на алтернативно гориво дизел, како резервно решение во случаи во кои поради геополитички случувања во Европа гасот би станал недостапен на пазарот или би достигнал екстремно високи цени и додаваат дека во моментов се вршат подготовките, но велат и дека чекаат да бидат обезбедени и неопходните лиценци.