Стотици луѓе се собраа на бреговите на хиперсоленото езеро Мар Чикита во Аргентина за да се обидат да постават нов Гинисов рекорд за најголем број луѓе кои истовремено лебдат на вода.

Настанот се одржа во рамки на вториот годишен „Фестивал де ла Планчита“ во градот Мирамар.
Целта на организаторите е да се надмине рекордот поставен во 2017 година на езерото Епекуен, кога 1.941 лице успешно лебделе на вода истовремено.

За нов рекорд, потребно е најмалку 1.942 учесници да лебдат без помагала одреден временски период.
Езерото Мар Чикита е идеално за ваков подвиг поради високата концентрација на сол, која овозможува природна пловност.

Благодарение на тоа, дури и луѓе без пливачко искуство можат лесно да останат на површината на водата, што го прави настанот достапен и атрактивен за пошироката јавност.
Б.С.











