Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обид за убиство во Скопје – траги од крв и штрафцигер биле најдени на местото

/

пред 938 дена

Сподели преку :

На прометна улица и во близина на детско игралиште, а на само неколку километри од центарот на Скопје. На оваа локација, 33-годишен скопјанец бил пресретнат од група од петмина напаѓачи.

Го нападнале со тврд и остар предмет.

Напаѓачите не ги поколебало ниту тоа што на оваа раздвижена улица голема е веројатноста да има бројни сведоци на нападот.

Повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“.

„Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против пет лица за настан којшто се случил на осми март околу 19 часот на територија на Бит Пазар, кога овие пет лица нападнале 33-годишен скопјанец со тврд и остар предмет и му нанеле тешки телесни повреди“ изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Трагите веќе ги нема, но службеници на МВР извршиле дополнително пребарување на лице место. Подигнат е примерок за анализа од трага слична на крв, како штрафцигер со сина рачка.

Во просториите на Единицата за насилен криминал, вчера е извршен разговор со четворица од напаѓачите и направени се службени белешки.

Според последните информации од полицијата, уапсен е и петтиот напаѓач кој беше недостапен за органите на прогонот. Судија на претходна постапка, за двајца од напаѓачите определи мерка притвор во времетраење од 30 дена, а двајца добија мерка домашен притвор. 

Од полицијата информираат дека во координација со обвинителството е поднесена кривична пријава за делото „Убиство во обид“, против сите пет лица.

Петар Догов