Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се причина за „украинската криза“, инсистира Путин

/

пред 411 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во кинескиот мегалополис Тиенџин изјави дека „обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се една од причините за украинската криза“.

Путин нагласи дека кризата во Украина не произлегла од „инвазија“, туку како резултат на државен удар во Киев, поддржан од западните сојузници на Украина. Тој додаде дека ги цени напорите на Кина и Индија за надминување на кризата.

Рускиот претседател соопшти дека со лидерите на земјите од ШОС разговарал и за неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска на 15 август.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ги собра лидерите на Русија, Индија, Турција и Иран, како и повеќе евроазиски лидери, на самит кој треба да ја позиционира Кина во центарот на геостратешката конкуренција.

Состанокот, кој се опишува како најзначаен од формирањето на ШОС во 2001 година, се одржува во услови на бројни кризи што директно ги засегаат нејзините членки: трговската конфронтација на САД со Кина и Индија, војната во Украина и иранскиот нуклеарен спор.