Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обилни дождови, големи поплави, луѓе на покриви – невреме долж источниот брег на Австралија

/

пред 515 дена

Сподели преку :

Обилните дождови предизвикаа поплави долж источниот брег на Австралија, сериозно погодувајќи ги помалите градови на околу 250 километри северно од Сиднеј, каде што жителите беа заробени на покриви, јавуваат локалните медиуми.

Меѓу најтешко погодените се градот Тари во винскиот регион Хантер Вали и градот Вингам на средниот северен брег, пренесе агенцијата ДПА.

Австралиската телевизија „Еј-Би-Си“ информира за „поплави на невидени нивоа“. Локалните власти соопштија дека околу 1.600 лица од итните служби биле распоредени за да помогнат во спасувачките напори.

Некои жители ја минаа ноќта заглавени на покриви среде надојдените води. Реката Менинг во регионот се искачи на рекордно ниво од над шест  метри, надминувајќи го претходниот максимум поставен во 1929 година.

Повеќе од 80 училишта првично останаа затворени, а во регионот има и прекини на струја. Метеоролозите предвидуваат обилни дождови до петок. Бирото за метеорологија издаде предупредувања за „опасни по живот ненадејни поплави“ во неколку области.