Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обилни дождови и поплави во Њујорк и Њу Џерси

/

пред 460 дена

Сподели преку :

Обилни дождови и поплави го зафатија синоќа северноисточниот дел на САД, поплавувајќи делови од Њујорк и Њу Џерси поради што беа заглавени возилата на патиштата, се затворија линиите на метрото и се прогласи вонредна состојба.

Во делови од Њу Џерси, Њујорк, Пенсилванија и околните области се издадени предупредувања  за ненадејни поплави, бидејќи поројните дождови се шират низ регионот.

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Мерфи, прогласи вонредна состојба советувајќи ги луѓето да останат во затворен простор и да избегнуваат непотребни патувања.

Во Њујорк, дел од услугите на метрото беа запрени, додека други линии работеа со големи доцнења поради поплавите. Агенцијата за итни служби на Њујорк на социјалната платформа X напиша дека делови од градот и средишниот дел на Хадсон се погодени од големи поплави.

Делови од главните сообраќајници во Њујорк, беа привремено затворени поради поплави и паднати дрвја.  Според Керолин Фортино, портпаролка на извршната власт на округот, службениците во округот Вестчестер во Њујорк работат на спасување на луѓето чии возила се потонати под вода.

Предупредување за поплава е издадено и за Стејтен Ајленд, каде што наврнаа околу 10,2 до 15,2 сантиметри дожд. Во Маунт Џој пак , во југоисточна Пенсилванија, прогласи вонредна состојба поради повеќе од 17,8 сантиметри дожд што паднаа за помалку од пет часа.

Во Метучен, Њу Џерси, околу 54,7 километри југозападно од Њујорк, градоначалникот Џонатан М. Буш напиша на Фејсбук дека општината е значително поплавена, но до вечерта нивото на водата полека се повлекува.