Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обилни дождови предизвикаа свлечишта на швајцарските Алпи, три лица се водат како исчезнати

/

пред 852 дена

Сподели преку :

Три лица се водат како исчезнати откако обилни дождови на швајцарските Алпи предизвикаа свлечишта во југоисточниот дел од земјата.

Една жена е извлечена жива откако претходно била затрупана од лизгање на земјиштето.

На друго место во Швајцарија, во популарната туристичка дестинација Зермат во јужниот кантон Вале обилните дождови и топењето на снегот предизвикаа излевање на реката Матервиспа, отсекувајќи го селото од цивилизацијата.

Од драматичните видеа може да се види декас малата што поминува во овој регион се претворила во каллива поплава, делумно потопувајќи ги улиците во популарниот ски-центар.

Службите за итни случаи во кантонот Вале се во состојба на зголемена готовност поради нивото на реката Рона, кое денеска го достигна своето највисоко ниво.

Властите ги предупредија жителите да се држат подалеку од надојдените реки и да ги избегнуваат мостовите.