Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОБСЕ ќе се собира во салата Борис Трајковски, Османи тврди дека Македонија нема друг простор за конференција на која ќе дојдат високи гости и од Америка и од Русија

/

пред 1368 дена

Сподели преку :

Зајакнувањето на активностите на теренот ќе биде главниот приоритет на македонското претседавање со ОБСЕ, најголемата регионална организација за безбедност и соработка, која опфаќа 57 држави учеснички од Европа, Средна Азија и Северна Америка. Шефот на дипломатијата  Бујар Османи, кој е и новиот претседавач на ОБСЕ во 2023, го акцентираше капацитетот на ОБСЕ за ублажување на кризата и поддршка на мирот, велејќи дека Украина ќе остане главен приоритет и клучно безбедносно прашање.

За претседателствувањето со оваа организација Министерството за надворешни работи ќе потроши околу 100.000 евра за пиар активности за што склучен е договор со Друштвото за менаџмент и консултантски активности. Според министерот Османи министерството не располага со таков кадар.