Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинение против лица кои нападнале новинари

/

пред 461 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинение против две лица кои нападнале телевизиска екипа. Обвинителството соопшти дека на 9 јули, во близина на отпад за старо железо на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, обвинетите маж и жена заедно, со употреба на сила, ги попречиле оштетените новинар и снимател на ТВ Алсат М во нивните службени дејствија, односно да известуваат за настанатиот пожар на отпадот во Визбегово.

„Новинарот и снимателот, со телевизиски беџови, пристигнале на локацијата за да снимаат прилог, но двајцата обвинети најпрво им кажале дека немаат дозвола за снимање, затоа што отпадот бил приватен имот на кој тие се сопственици. Кога телевизиската екипа, сепак, продолжила со вршење на нивната службена дејност, најпрво жената физички го нападнала снимателот, го удрила со нога и со бокс, го фатила за врат и ја превртела и ја оштетила камерата. Новинарот застанал меѓу нив за да го заштити снимателот и опремата и започнал да снима со мобилен телефон“, стои во соопштението на ОЈО.

Обвинетата, според соопштението, го удрила и него со нога, му го удрила телефонот, кој паднал на земја и му го одзела. Во тој момент пристапил и обвинетиот со закани и навреди, па на новинарот му удрил шлаканица и го избркал од местото.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определените мерки – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.

„Во исто време, продолжува и предистражната постапка во однос на настанатиот пожар на отпадот и последиците од него. Надлежниот јавен обвинител и вчера вршеше увид на лице место на локацијата која е обезбедена. До Основното јавно обвинителство Скопје се доставени и резултатите од мерењата на токсичните материи во воздухот во Скопје непосредно по пожарот што по барање на надлежниот јавен обвинител ги изврши специјален тим од четата за атомско-биолошка и хемиска одбрана на АРМ. Тие резултати се анализираат, а во меѓувреме се преземаат и други дејствија со цел да се испитаат сите сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи“, стои во соопштението на ОЈО Скопје.