Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинение за 36 лица во „Синдром“ – незаконски влијаеле во постапките за издавање на ивналидски пензии и туѓа нега

/

пред 453 дена

Сподели преку :

Деветнаесет лица давале поткуп, десетмина злосторнички се здружиле, а уште седуммина им помагале да ги сторат кривичните дела примање поткуп и награда во обвинението под кодно име „Синдром“ а со објаснување и поткрепено со докази дека незаконски влијаеле во постапките за издавање на ивналидски пензии и туѓа нега во замена за парични средства.

Цената за овие услуги се движела од 150 до 5000 евра, зависно од видот и времетраењето на правото што се обезбедувало.

Организаторите и припадниците на групите – меѓу кои се и лекари, адвокат и службени лица од неколку јавни установи – користеле своја службена положба и реално влијание за незаконско издавање на медицински мислења и одлуки во корист на барателите на права.

На овој начин, биле заобиколени одредбите од Законот за социјална заштита. Во досегашниот тек на постапката, 13 обвинети склучија спогодби со обвинителството и врз основа на истите Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди при што првообвинетата е осудена на единствена казна затвор во траење од три години и шест месеци за Злосторничко здружување, Давање поткуп и Примање поткуп.