Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинение за четворица поради организирање борби со кучиња кај Битола

/

пред 346 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против четири лица – државјани на Македонија, Грција и Косово – за организирање борба меѓу кучиња и сурово постапување со животни.

Настанот се случил на 1 ноември во селото Црнеец, близу Битола, каде што бил подготвен импровизиран ринг за борби.

Според обвинението, грчки државјанин, сопственик на куче од расата „пит бул“, организирал борба со куче „американски стафорд“ во сопственост на косовски државјанин.

За време на настанот биле затекнати неколку лица од Македонија, Косово и Грција, кај кои биле пронајдени пари за кои постои сомнеж дека биле наменети за обложување.

Кучето „пит бул“ притоа добило тешки повреди и знаци на трауматски шок.

Двајцата осомничени македонски државјани се во домашен притвор, додека странските државјани се во бегство.

Обвинителството најави дека, доколку не бидат обезбедени до почетокот на судскиот процес, ќе предложи да им се суди во отсуство.